Македонија Сообраќај АД 

ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА    лиценца „А“ бр.140

За нас

„Македонија Сообраќај“ А.Д. е компанија за превоз на патници и услуги во патниот сообраќај, која постои од 1974 година, како асоцијација на македонските превозници, а од 1995 година како акционерско друштво и успешно опстојува на македонскиот пазар.

Нашата основна дејност е превозот на патници на нашите редовни меѓународни линии, а за квалитетот на нашите услуги говори бројката од околу 1600 превезени патници месечно. Располагаме со возен парк од 4 автобуси за висок туризам, еден минибус и едно патничко комбе кои се со просечна старост од 4 години.