|

НЕШТО ЗА НАШИОТ ПАРТНЕР ВО ТУРИЗМОТ
Компанијата ТЕЗ ТУР е една од водечките туристички компании во Русија и водечка според бројот на испратени туристи. ТЕЗ ТУР е основана 1994 и во моментов има понуди за 8 региони: Турција (од 1994), Тајланд (од 1997), Египет (од 1999), Шпанија (од 2003), Куба и Доминикана (од 2004) и Малдивите и Шри Ланка (од 2007).
Во составот на ТЕЗ ТУР се вклучени 16 меѓународни компании. Испраќаме клиенти од Русија, Бугарија, Романија, Украина, Латвија, Литванија, Белорусија, Казакстан и Македонија. Со своите сопствени представништва ги превземаме клиентите во Турција, Шпанија, Египет, Тајланд, Доминиканската република, Шри Ланка, Куба и Малдивите.
Приемните канцеларии се базират на систем на централна резервација во корелација со хотелите, оперативниот оддел обезбедува трансфер и екскурзии, а одделот одговорен за односи со клиентите помага за разрешување на неочекуваните проблеми. Сето ова е гарант за квалитетен и безгрижен одмор.
ШТО НУДИМЕ?
Нашата основа е масовниот туризам. За професионална работа со огромен број на туристи, а следејќи ја ситуацијата на туристичкиот пазар, ги одбираме најдобрите авиокомпании и хотели кои што нудат можности за активен одмор на туристите, исполнет одмор за децата, конференции и семинари за деловните клиенти и секако да не ги заборавиме и ВИП клиентите.
ЗОШТО СО НАС?
ТЕЗ ТУР има заслужено реноме на најдобра high-techкомпанија на рускиот туристички пазар. Канцелариите се максимално поврзани а он-лајн системот е напреден и едноставен за работа. Комплетната компјутеризација и воспоставениот систем на работа не дозволуваат губење на информациите. Ова ни овозможува едноставно и квалитетно да ги услужиме илјадниците агенции дури и во највисоката туристичка сезона.
Работиме само со испробани и сигурни партнери. Помеѓу нив, авиокомпаниите, Аерофлот, Трансеро, Хемус Ер, Еуропа Ер, Атлас Џет и други. Склучени се договори за соработка со водечки хотелски вериги како: Мариот, Шератон, Ле меридиен, Сол Мелиа, Принцес и други.
ТЕЗ ТУР врши мониторинг на квалитетот на услугите во сите степени. Насоката на компанијата е постојан развој, во кој процес се вклучени сите партнери. Тоа резултира да компанијата постојано го повторува својот слоган „ТУРИЗАМ СО ВИСОКА ТЕХНОЛОГИЈА“.
ГЛАВНИ ПРЕДНОСТИ ЗА РАБОТА СО НАС:
Избор
Нудиме широка палета на хотели од 2-3* до супер луксузни 5*, но даваме можност во одредени периоди да се одморите во ефтините или поскапите хотели по супер ефтини цени со нашите ЛАСТ МИНУТ промоции.
Технологија
Туризмот со висока технологија за нас не е сон, туку реалност. Нашиот единствен информационен систем, дозволува со минимум напор дури и во највисоката сезона да се следи секој турист, и значително да се намали времето помеѓу резервацијата и потврдата.
Работа без посредници
Само со сопствена контрола на комплетниот одмор на туристот, од качувањето во авион до сместување во хотелот како и факултативните екскурзии, можеме да бидеме сигурни во квалитетот на услугата. Затоа во сите региони на работа имаме сопствени приемни канцеларии, директни договори со хотелите и сопствени чартери.
VIP услуги
Посебно внимание се насочува кон VIP туристите. За нив во сите приемни канцеларии се основани посебни оддели чие задолжение е да обезбедат услуга од највисоко ниво.
ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТУРОПЕРАТОРTEZ TOUR СО ЗАДОВОЛСТВО САКА ДА ВЕ ВИДИ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ КАКО НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ, И СЕ НАДЕВА НА ДОЛГА И ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА.
БРЕНДОТ ТЕЗ ТУР – СВЕТСКИ СТАНДАРД |